Тејлор Свифт се врати на сцената во Лондон по спречениот напад во Виена

tejlor-sv.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американската поп-ѕвезда Тејлор Свифт вчера ја продолжи турнејата „Eras“ во Лондон, која обожавателите со нетрпение ја очекуваа откако минатата седмица беа откажани нејзините три концерта планирани во Виена, кои беа цел на планиран терористички напад.


Американската пејачка го започна првиот од петте планирани концерти на стадионот „Вембли“ со нејзиниот хит „22“ облечена во маичка со натпис „a lot going on the moment“, очигледно алудирајќи на бурниот период низ кој штотуку помина.

Покрај настаните во Виена, концертите во Лондон доаѓаат две седмици од убиството на три девојчиња во северозападна Англија, кои беа избодени до смрт додека учествуваа на час по танц за поп-музика посветен токму на Свифт.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK