Тејлор Свифт донираше 5 милиони долари за жртвите од ураганот во Флорида

Screenshot-2024-10-11-135809.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тејлор Свифт донираше 5 милиони долари за помош на областите погодени од ураганите Хелен и Милтон.


„Ние сме неверојатно благодарни на Тејлор Свифт за нејзината дарежлива донација од 5 милиони долари“, напиша извршната директорка на Feeding America, Клер Бабинео-Фонтен на Инстаграм.

„Овој придонес ќе им помогне на заедниците да се обноват и закрепнат, обезбедувајќи основна храна, чиста вода и залихи на луѓето погодени од овие разорни бури“, додаде таа.

View this post on Instagram

A post shared by Feeding America (@feedingamerica)

„Ти благодарам, Тејлор, што стоеше со нас и им помагаш на заедниците во неволја“, рече таа.

Ова не е прв пат, од неодамна најбогатата музичарка во светот, да донира пари за помош на сиромашните. За време на турнејата Ерас, во градовите каде што настапувала, таа редовно донирала на локални народни кујни и организации кои им помагаат на оние со послаба финансиска состојба.

View this post on Instagram

A post shared by Taylor Swift (@taylorswift)

Во 2016 година, таа донираше за жртвите од поплавите во Луизијана, во 2017 година донираше пари за погодените од ураганот Харви, а во 2020 година донираше 1 милион долари за помош на жртвите од торнада кои уништија домови и убија најмалку 24 луѓе во Тенеси, каде што започна нејзината кариера.

Во 2023 година, таа ја повтори донацијата во истата држава по новите разорни торнада. Свифт неодамна официјално стана најбогатата само-создадена музичарка во светот со проценета нето вредност од 1,6 милијарди долари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK