„Спотифај“ и Меган Маркл го прекинаа договорот за нејзината емисија

megan-markl
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Договорот на војводата и војвотката од Сасекс со „Спотифај“ доживеа крај откако интернет-емисијата на Меган Маркл не е продолжен за втората сезона.

Заедничката изјава на брендот на Меган, „Арчевел“ и „Спотифај“ гласи: „’Спотифај’ и ‘Арчевел аудио’ спогодбено се разделија и ние сме горди на серијата што ја создадовме заедно“. Меган, инаку, беше домаќин на „Архетипи“ (назив инспириран од името на нејзиниот син Арчи), а емисијата траеше 12 епизоди, од август 2022 година. Меѓу гостите беа тенисерката Серена Вилијамс, пејачката Мараја Кери, Парис Хилтон и глумиците Минди Калинг и Констанс Ву.


Кон крајот на 2020 година, Хари и Меган потпишаа договор со стрим-платформата за интернет-емисии во облик на аудио-интервјуа, за којшто неофицијално се говореше дека вреди околу 25 милиони долари. Во декември, „Архетипи“ го освои признанието „Најдобар подкаст“ на американските награди „Пипл’с чојс авордс“ во Лос Анџелес.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK