Врската помеѓу актерката Софија Вергара (52) и возачот на Формула 1 Луис Хамилтон, кој е 12 години помлад од неа, за која се шпекулира веќе извесно време, наводно завршила, пренесуваат американските медиуми.
Хамилтон и Вергара беа видени заедно во јануари, што ги поттикна гласините дека се заедно. Сепак, според информациите што ги објави „Радар Онлајн“, двајцата тргнале по различни патишта.
Извор близок до парот открил дека славната актерка била подготвена дополнително да ја развива врската со Хамилтон, сметајќи го за „совршено момче и вистински улов“.
Но, според изворите, интересот на поранешниот светски шампион брзо исчезнал, поради што Вергара се чувствувала „напуштено“.
Во јануари, ТМЗ објави нивни заеднички фотографии пред ресторан во Њујорк, а тие се смееја и разговараа цело време пред таа да влезе во нејзиниот автомобил и да замине.
Подоцна, извори блиски до нив изјавија дека Софија „толку била занесена во разговорот што едвај ја пробала нејзината храна“. Иако за време на ручекот им се придружувале пријателите, според изворот, Софија и Луис „изгледале маѓепсано и цело време се смешкале еден на друг“.