Омилената италијанска актерка Софија Лорен утрото на 24 септември имала несакан инцидент во својот дом во Женева, каде живее со години.
Прославената актерка, која го одбележа својот 89. роденден четири дена претходно, паднала и се здобила со повеќе скршеници на колкот.
Таа била пренесена во болница каде, како што пренесуваат локалните медуми, ѝ биле констатирани неколку скршеници на колкот.
Во швајцарската болница Софија била подложена на операција, која се чини дека беше совршено успешна, но ќе ја принуди да мирува, по што потоа ќе може да започне со рехабилитација. Времето на закрепнување, сепак, не треба да биде претерано долго. До неа се нејзините два сина Едоардо и Карло.
Актерката требаше да замине во Бари, каде што ја очекуваа на 26 септември на инаугурацијата на објект што ќе го носи нејзиното име. Очигледно нема да може да присуствува, но инаугуративниот настан нема да се одложи во никој случај, пренесуваат локалните медиуми. Лорен ќе пристигне во главниот град на Апулија веднаш штом закрепне, и откако ќе ѝ биде дозволено да патува со авион.