Шварценегер, Софија Вергара, Шерил Кроу и други познати личности собраа 190.000 долари за Лос Анџелес

gal-gadot-shvarceneger-sofija-vergara.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шумските пожари кои продолжуваат да беснеат во Лос Анџелес инспирираа многу познати личности да го покажат својот хуманитарен дух. Некои од нив тоа го направија преку страницата GoFundMe, каде беше покрената кампања за собирање пари за луѓето погодени од пожарите.


Според TMZ, меѓу познатите кои донирале се Арнолд Шварценегер (10 илјади), Софија Вергара (20 илјади), музичарот Маршмело (45 илјади), Барбара Коркоран (50 илјади), Зак Брајан (15 илјади) и браќата Џонас (15 илјади). Гал Гадот, Тони Хок, Кристен Бел, Пинк, Шерил Кроу и Меган Трејнор донираа по 5.000 долари.

Заедно, тие собраа 190.000 долари, кои ќе бидат распределени на погодените семејства и непрофитни организации.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK