Арнолд Шварценегер се наврати на разводот од Марија Шрајвер по 25 години брак во текот на неодамнешно интервју за „Пипл“.
Пред да се разделат во 2011 година, добија четири деца, кои сега се возрасни: Кетрин (33), Кристина (31), Патрик (29) и Кристофер (25). Непосредно пред нивниот развод, Шварценегер јавно откри дека има син, Џозеф Бена, со домашната помошничка на неговото семејство, Милдред Баена.
Во интервјуто, ѕвездата на „Терминатор“ (75) искрено проговори за прељубата и откри во какви односи е со поранешната сопруга, новинарката Марија Шрајвер (67).
„Тоа е само моја вина,“ изјави актерот за аферата со домашната помошничка Милдред, што доведе до развод од Марија во 2011 година. Актерот доби син, Џозеф, со Милдред само пет дена откако неговата поранешна сопруга го роди нивниот син Кристофер. Сепак, тој призна дека тој и неговата поранешна сопруга не се скарале и останале во добри односи.
„Моето поглавје со Марија ќе трае вечно. Иако се работи за поинаква врска, немам причина да чувствувам ништо друго освен љубов кон неа,” изјави актерот за „Пипл“.
Арнолд потенцира дека за него, децата се на прво место.
„Отсекогаш јасно кажувавме дека децата не треба да страдаат поради афера. Таа сега има партнер, јас имам партнерка , но секогаш комуницираме за децата, за празници, роденденски забави и забави за Денот на мајката и Божиќ,“ додава тој.
Тој моментно е во врска со физиотерапевтката Хедер Милиган (48).