Северина сподели извадок од книгата што ја чита на Малдиви, зборува за нејзиниот скандал


a6cfd197-3f8f-40af-84f5-e8e1299e686c.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Северина на Инстаграм сподели извадок од книгата Умри без стрес од писателката Ведрана Рудан.


Во книгата што 52-годишната пејачка ја чита за време на одморот на Малдивите, има поглавје наречено „Северина, Тито, јахтата и јас“.

View this post on Instagram

A post shared by Severina (@severina)

„Пред сто години Северина сними ‘филм’ кој преку ноќ ја оживеа покојната Југославија. Сите граници во „регионот“ беа избришани. Зјапавме во Северина онака како што го гледавме погребот на Тито, без зборови. Кога некој би ги прашал Југословените кои веќе тоа не се, што најмногу ги возбудува откако ја „имавме“ нашата земја, никој немаше да се сети на одличните настапи на Туѓман, урлањето на економистот Милошевиќ. Нема да го заборават настапот на Северина.

Жената направи голем чекор за себе, уште поголем чекор за жените. Таа се покажа во полн сјај. Прекрасно тело, магична насмевка, ентузијазам, младост…“, стои во извадокот што Северина го фотографирала.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK