Серена Вилијамс се пожали: Луксузен ресторан во Париз ми го забрани пристапот

Screenshot-2024-08-09-084927.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Познатата тенисерка Серена Вилијамс моментално се наоѓа во Париз каде со семејството ги следи Олимписките игри, а неодамна на Х се пожали на непријатен момент кој го доживеала во луксузен ресторан на покривот на хотелот Peninsula Paris.



„Уф, ми го забранија пристапот до терасата на покривот на најубавото место“, напиша таа и објасни како отишла во ресторанот со нејзината шестгодишна ќерка Алексис Олимпија и 11-месечната Адира Ривер и додаде дека тоа досега не и се случило.

Во нејзина одбрана излегоа обожавателите на тенисерката, а за само 24 часа беа објавени речиси 4000 коментари.

„Како можеле да те одбијат?“, „Добро е што не потрошивте пари таму“ и „Кој не и направи место на кралицата?“, се дел од коментарите на фановите.

Во коментарите реагираа и од хотелот „Пенисула“ кои објаснија дека сите маси се резервирани.

„Почитувана г-ѓа Вилијамс, Ве молиме прифатете го нашето искрено извинување за вашето вчерашно разочарување. За жал, нашиот бар на покривот беше всушност целосно резервиран и единствените слободни маси што ги видовте му припаѓаа на нашиот гурмански ресторан L’oiseau Blanc, кој исто така беше целосно резервиран“, напиша тие.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK