Семејството и пријателите се простија од Лиам Пејн. Чуварите застанаа пред вратата на црквата во Вулверхемптон, а бројни фанови се собраа преку улицата за да остават пораки, цвеќиња и свеќи за трагично загинатиот пејач.
Меѓу првите кои се појавија беа Хари Стајлс и Луис Томлинсон, неговите колеги од One Direction. Недолго потоа се појавија и Зејн и Најл.
На погребот е снимена и неговата девојка Кејт Кесиди која била со него во Аргентина. Со неа дојде и синот на актерката Елизабет Харли, Демијан.
Се појави и Сајмон Кауел, човекот кој ги состави One Direction, бендот кој им донесе светска слава на Лиам и на момчињата. Тој дојде со својата партнерка Лорен Силверман.