Селин Дион се расплака на премиерата на нејзиниот филм: „Вашето присуство на моето патување беше подарок“

Selin-Dion.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Познатата пејачка Селин Дион боледува од невролошко пореметување – синдром на вкочанета личност.

Дијагнозата и беше поставена во 2022 година и затоа ја одложи турнејата и сите деловни обврски.

Пејачката го сними и документарниот филм „I Am: Celine Dion“, кој следи една година од нејзиниот живот и нејзината борба со невролошко нарушување.

Неодамна се одржа премиерата на овој филм, а Селин беше многу емотивна по прикажувањето на филмот.

„Не ми се верува колку сум богата што имам вакви обожаватели во мојот живот. Вашето присуство на моето патување беше подарок. Вашата љубов и поддршка ме туркаа напред низ сите проблеми“, низ солзи рече таа, пишува „Пипл“.

„Се разбира, никогаш немаше да застанам пред вас доколку ја немав поддршката и љубовта од моите деца. Ви благодарам на сите од се срце што бевте дел од моето патување. Овој филм е љубовно писмо до сите вас“, додаде Селин.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK