Селена Гомез неодамна го привлече вниманието со својот моден стил на специјален настан во Њујорк.
Познатата пејачка ја посети продавницата Sephora за да ја промовира својата козметичка линија Rare Beauty и да го одбележи претстојниот Светски ден на менталното здравје.
Селена за оваа пригода избра елегантен есенски аутфит кој веднаш привлече око.
Таа беше облечена во црно боди од брендот Khaite кое прекрасно ја истакнуваше нејзината фигура. Носеше бели панталони со висок струк кои додаваат свежина на нејзиниот изглед. Каишот со златни нитни беше уште еден привлечен детал.
За да го комплетира аутфитот, Селена избра златни обетки кои одлично одговараа на каишот и додаде малку гламур во комбинацијата. Таа носеше и црна чанта Сен Лоран која елегантно го комплетираше аутфитот.