Марго Роби веќе некое време привлекува внимание од јавноста, а причината е нејзината нереална убавина. Се зборуваше и за можните козметички процедури што ги направила на лицето за да го зачува својот изглед, а сега и нејзиниот личен тренер Дејвид Хигинс се огласи пред медиумите.
Тој нагласи дека зад нејзината убавина стои сериозна работа, труд и посветеност, и откри како изгледа фитнес рутината на актерката, како и каква храна консумира.
View this post on Instagram
Посебен вид пилатес + тренинг за сила
Дејвид истакна дека Марго комбинира тренинг за сила и реформаторски пилатес, кој неодамна доби голема популарност. Тренингот започнува со вежби за загревање кои траат 5 минути, по што следат вежби за сила.
Во зависност од тоа како се чувствува, вели тренерот, Марго избира помеѓу тренинг за сила и пилатес. Таа го прескокнува класичниот кардио тренинг, а еве зошто:
„Кога правите вежби за целото тело, срцето мора интензивно да пумпа крв од еден дел од телото до друг – на пример, од горниот до долниот дел – што дополнително го зголемува пулсот“, објасни тој.
View this post on Instagram
Тој става посебен акцент на зајакнување на стомачните мускули, а неговите тренинзи често завршуваат со предизвик од 100 стомачни. Исто така, открил дека може да држи планк четири минути и десет секунди без тешкотии.
Диета „сè или ништо“
Марго признава дека обожава нездрава храна, но дека е ригорозна во врска со исхраната пред снимањето.
„Не можам да бидам умерена. Станувам мрачна ако не јадам што сакам. Не можам само да јадам салата секој ден и да пијам половина чаша вино секој втор ден. Едноставно не функционира“, изјави таа за „Emirates Woman“.
Таа исто така отворено признава дека е склона кон крајности: „Немам идеална диета. Обожавам пиво, помфрит и бургери. Но, ако треба да скокнам во бикини, ќе јадам стапчиња морков три дена. За мене е или едното или другото.“
View this post on Instagram
Кога се придржува до строг режим, за појадок избира овесна каша со капини или зелено смути со кељ и јаболко. Ручекот обично е пилешко со лимон и интегрален ориз или салата од скуша со домати и краставици. За вечера јаде стек од туна со сладок компир или зеленчукова чорба.
Пред важни настани, таа избегнува заситени масти, брза храна, газирани и засладени пијалоци и чоколадо.