Се појави на пистата во Париз и ги збуни луѓето, сите мислеа дека е Кејт Мос

deniz-onona.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

43-годишната Дениз Онона прошета по пистата за време на ревијата на женска облека на Марина Сер на модната недела во Париз и ги збуни присутните. Имено, на почетокот многумина помислија дека на пистата се појавила 50-годишната манекенка Кејт Мос.


Дениз прошета во црна јакна, панталони и бела кошула. Таа носеше и впечатлива шминка.

View this post on Instagram

A post shared by Denise (@iamnotkatemoss)

Ова не е прв пат Дениз да предизвика бурни реакции. Истото го направи и на модна ревија пред четири години, а извори блиски до Кејт за странските медиуми тврдат дека на познатата манекенка тоа воопшто не и е смешно и дека многу ја нервира што 43-годишната се обидува да ја копира неа.

Дениз ја стекна популарноста токму поради сличноста со Кејт, а изгледа и самата е свесна за тоа. Нејзиното корисничко име на Инстаграм, каде што ја следат повеќе од 70.000 луѓе, е Iamnotkatemoss (јас не сум Кејт Мос).

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK