Салма Хајек: Чувствувам притисок да заработувам иако мојот сопруг е милијардер

salma-h.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во неодамнешното интервју за Волстрит Журнал, Салма Хајек зборуваше за нејзиниот брак со францускиот милијардер Франсоа-Анри Пино.


Имено, и покрај нејзината импресивна кариера, која и донесе богатство од околу 200 милиони долари, 58-годишната актерка откри дека чувствува одреден „притисок“ да заработува иако е во брак со милијардер и еден од највлијателните луѓе во светот на модата и луксузот.

Имено, Пино е извршен директор на компанијата Керинг, која управува со луксузни брендови како Гучи, Сен Лоран и Баленсијага.

Хајек објасни дека ги држи финансиите одвоени од Пино и додаде дека во голема мера е финансиски независна, но и дека сака да ја зголеми својата нето вредност.

„Јас поддржувам многу аспекти од мојот живот и себеси. Чувствувам притисок да заработам одредена сума пари и тоа ми се допаѓа. И сега решив дека сакам да заработувам повеќе“, рече таа и сподели како е да се биде во брак со милијардер.

„Беше возбудливо што не морав да размислувам за пари, а се испостави дека сите луѓе сакаа да разговараат со мене за пари. Ми приоѓаат странци кои не се ни пријатели, но мислат дека треба да бидеме пријатели бидејќи и тие се богати“, објасни таа.

За да ја зголеми својата нето вредност, Хајек изјави дека се занимава со бизнис идеи, но не сакаше да открие детали за нејзините планови.

За потсетување, парот е во брак од 2009 година и ја имаат ќерката Валентина Палома, родена во 2007 година, а Хајек често истакнува дека поддршката на Пино била пресудна за нејзината кариера.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK