Ријана се појави на карневалот во Барбадос привлекувајќи внимание со својот костим

Screenshot-2024-08-07-104831.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На Барбадос се одржа традиционалниот фестивал Crop Over, кој се смета за еден од најпопуларните и најшарените фестивали во светот. Годинава на фестивалот се појави пејачката Ријана која е родена во Барбадос.


Пејачката беше во разголено, карневалско издание.

Костимот се состоеше од комбинезон со скапоцени камења и бројни шлицови. На главата носеше украс, исто така од скапоцени камења, додека на грбот имаше шарени крилја.

По неколку години пауза, враќањето на Ријана на Crop Over беше дочекано со голема возбуда кај обожавателите и посетителите на фестивалот. Нејзината облека секоја година поставува нови стандарди за карневалската мода.

Ријана неодамна се пошегува дека оваа година нема стомачни.

„Бидејќи очигледно нема да имам ‘six pack’ до следното лето, го променив мојот летен стил и сега ги усогласив чевлите со моите гаќички“, напиша таа на Инстаграм.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK