Принцот Вилијам следеше фудбалски натпревар во Бирмингем

Принцот-Вилијам-следеше-фудбалски-натпревар-во-Бирмингем.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Принцот Вилијам беше почесен гостин на стадионот „Вила парк“ во Бирмингем каде се одигра натпреварот помеѓу „Астон вила“ и „Зрињски“ од Мостар.


Принцот од Велс е голем фан на „Астон вила“. Често го посетува стадионот на клубот и ги следи натпреварите во живо. На социјалните мрежи често се појавуваа снимки од Вилијам како се радува и скока откако играчите на „Астон вила“ ќе постигнат гол.

 

Синоќа „Астон вила“ го победи „Зрињски“ со 1:0. Клубот од Босна и Херцеговина, првиот претставник на оваа земја во европските натпреварувања, беше блиску до освојување на голем бод на гостувањето во Бирмингем против петтиот тим од Премиер лигата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK