Принцот Вилијам: Ова веројатно беше најтешката година во мојот живот, беше страшно

vilijam.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Принцот Вилијам изјави дека 2024 година е најтешката година во неговиот живот. Во интервјуто кое го даде за време на посетата на Кејп Таун изјави дека изминатите неколку месеци му биле многу тешки, пишува Дејли Мејл.


Тој додаде дека, без оглед на тоа, е многу горд на неговата сопруга Кејт и таткото Чарлс, кои „достоинствено и храбро се справуваат со нивните здравствени битки“.

„Искрено? Беше ужасно. Ова беше веројатно најтешката година во мојот живот. Навистина тешко беше да се обидам да пребродам сè и да одржувам сè на вистинскиот пат. Но, јас сум многу горд на мојата сопруга, горд сум на мојот татко за сето она со кое се носеа. Од лична семејна гледна точка, да, беше брутално“, рече Вилијам.

На прашањето како е неговата сопруга, тој одговорил: „Добро“.

За потсетување, на Кејт Мидлтон и беше дијагностициран рак во февруари. На крајот на септември таа сподели во трогателно видео дека завршила со хемотерапија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK