Принцезата Махра, ќерката на владетелот на Дубаи, јавно го напушти сопругот, оставајќи му порака на социјалната мрежа Инстаграм, речиси два месеци откако парот го доби првото дете.
“Драг сопруг, бидејќи ти прават друштво други, со ова објавувам дека се разведуваме. Се разведувам од тебе, се разведувам и се разведувам. Се најдобро. Твојата поранешна сопруга”, напишала принцезата на Инстаграм, пренесува NDTV.
Оваа вест предизвика бунило на социјалните мрежи, а многумина забележаа дека парот престана да се следи на Инстаграм и дека избришаа заеднички фотографии од своите профили.