Преработката за „Има една земја“ ќе биде отпеана на концертот „Македонијо во срце те носиме“ закажан на 7 декември во Филхармонија

Makedonijo-vo-srce-te-nosime-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Има една земја сонце што ја грее, оди таму, в’ срце земи ја, слушни вечна песна таму што се пее: Нека живеј Македонија!… дел од стиховите на една од трите најавени нови преработки со наслов „Има една земја“, а која ќе биде отпеана на концертот „Македонијо во срце те носиме“ закажан на 7 декември во Филхармонија.


Песната е со потписот на Григор Копров, а е отпеана во далечната 1986 година од страна на легендарниот Гоце Николовски и се нашла на албумот што го носел неговото име. Песната носи моќни стихови, а во себе крие и интересна приказна за тоа како станала дел од опусот на Николовски, кој во тоа време живеел во Ниш, пеел шлагери и бил дел од една од легендарните нишки групи, познатите Далтони. Набрзо влегол во етно водите и светот на народната музика, а токму со Копров работел на споменатиот албум кој бил издаден за РТВ Словенија. Всушност тоа бил неговиот прв фолк албум.

„Кога го побаравме Копров беше изненаден што некој воопшто се сетил на оваа композиција која одлично се вклопува во целата наша приказна што ја раскажуваме во изминатите две години. На сцената на Филхармонија сега ќе биде отпеана во дует и тоа од Сузана Спасовска и Александар Тарабунов“, велат од Скендеровски продукција, инаку задолжени за целата ова убава приказна која се раскажа во сите поголеми градови ширум земјата.

Освен „Има една земја“, веќе добро познатите 12 нумери кои публиката имаше можност да ги чуе, на сцената ќе ја чуеме и „Молитва“ на авторот Миле Барбаровски, а што ќе ја отпее Бојана Скендеровски. За преработките, но и оркестрациите ќе се погрижи маестро Николче Мицевски, додека симфонискиот оркестар ќе музицира под диригентската палка на Сашо Татарчевски.

Низ целиот музичко-драмски перформанс, пак, публиката ќе ја води актерот Дејан Лилиќ.

7 декември со почеток од 20:00 часот бидете во Филхармонија, бидете дел од завршниот концерт во рамки на приказната „Македонијо во срце те носиме“ за уште еднаш да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и да се потсетиме на аманетот што ни го оставиле генерациите пред нас, велат од продукцијата.

Сите заедно да уживаме во дел од најубавите македонски патриотски песни, и изведбите на Бојана Скендеровски, Миле Кузмановски, Сузана Спасовска, ДНК, Наум Петрески, Зуица Лазова, Александар Тарабунов, Мина Блажев, Андријана Јаневска, Марија Спасовска, Огнен Здравковски и Ламбе Алабаковски, додаваат во соопштението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK