Погребот на Лиам Пејн ќе се одржи денеска во неговиот роден Вулверхемптон, пишуваат британските медиуми.
Последното збогување ќе биде затворено за јавноста, ќе се соберат само семејството и најблиските пријатели, а Дејли Мејл дознава дека ќе се појават и четворицата членови на One Direction – Хари Стајлс, Зејн Малик, Луис Томлинсон и Ниал Хоран.
Лиам Пејн трагично настрада откако падна од балкон на хотел во Буенос Аирес во средината на октомври.
Тој претходно јавно зборуваше за проблемите со менталното здравје и зависностите со кои се бореше. Имено, тој призна дека тешко се справувал со славата и дека конзумирал тешки дроги и алкохол додека пеел во One Direction.