Познати парови со голема разлика во годините

Познати-парови-со-голема-разлика-во-годините.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Џејсон Стејтам и Рози Хантингтон

Џејсон Стејтам (54) и Рози Хантингтон Вајтли (34) се страстни во својата врска уште од 2010 година. Џејсон и Роузи важат за еден од најубавите парови во Холивуд. Нивната романса трае 13 години и, очигледно, разликата во годините не менува ништо.

Метју Меконахи и Камила Алвес

Американскиот актер и гламурозната сопруга се заедно од 2006 година и имаат три деца. Бразилска манекенка е 13 години помлада од него.

Џеј Зи и Бијонсе

Бијонсе, која фановите ја нарекуваат „кралицата Би“ е 12 години помлада од својот сопруг Џеј Зи. Парот надмина неколку кризи поврзани со неверствата на Џеј.

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли

Рајан Рејнолдс е 11 години постар од сопругата Блејк Лајвли. Се запознаа за време на снимањето на филмот Green Lantern и се венчаа во 2012 година. Моќната двојка има три деца.

 

Рајан Гослинг и Ева Мендес

Убавата Ева Мендес е седум години постара од сопругот, исто така актер. Нивната романса почна во 2011 година, за време на снимањето на филмот The Place Beyond the Pines („Местото зад боровите“). Заедно имаат две деца.

 

Џорџ Клуни и Амал Аламудин

Амал Аламудин е жената која го освои срцето на холивудскиот срцекршач. Тој е роден 17 години пред неа. Актерот и адвокатката ја крунисаа својата љубов со брак во романтичната Венеција во 2014 година.

 

Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џонс

Меѓу овие две славни личности, чија љубов нема крај, разликата во возраста е дури 26 години. Мајкл и Кетрин се во среќен брак повеќе од две децении.

 

Харисон Форд и Калиста Флокхарт

Се запознаа во 2002 година и оттогаш се неразделни. Харисон е роден во 1942 година, Калиста во 1964 година, така што, меѓу нив има 22 години. Сепак, тоа никогаш не им било проблем бидејќи се во брак 13 години.

Доналд и Меланија Трамп
Поранешниот американски претседател е 23 години постар од својата сопруга Меланија Трамп. Тие се венчаа во 2005 година и заедно имаат син.

Емануел Макрон и Брижит Троњо

Актуелниот француски претседател Емануел Макрон е во брак со Брижит Троњо од 2007 година. Возрасната разлика меѓу нив е 24 години. Макрон повеќе не обраќа внимание на коментарите за неговата постара сопруга. Се венчаа во 2007 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK