Познатата актерка проговори за сексуалното вознемирување на филмските сетови

kejt-bek.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Актерката Кејт Бекинсејл (51) откри дека била сексуално нападната од член на филмската екипа кога била тинејџерка. Во понеделникот, актерката објави подолго видео на Инстаграм во кое детално го опишува нејзиното трауматично искуство во Холивуд.


Таа раскажа како била принудена да се фотографира веднаш по спонтан абортус и дека актер бил насилен кон неа на „токсичниот“ филмски сет, пишува Дејли Мејл.

Кејт објасни дека била инспирирана да зборува јавно за нејзината приказна со тужбата на Блејк Лајвли, истакнувајќи дека однесувањето што го опишува Блејк, како што е злоупотребата од страна на колегата Џастин Балдони, „е очекувано и трае вечно“.

Сеќавајќи се на сопственото искуство, Кејт раскажала: „Имав 18 години кога бев несоодветно допрена од член на екипажот, кому многу му верував. Пријдов на главната актерка, која е позната како поддржувач на жените, и и кажав што се случи, но таа ми одговори: „Тоа не се случи“. Потоа, во солзи отидов кај друга актерка и реков: „Само што ме нападна тој човек“. И повторно ми рекоа: „Не, не е“. Тоа е само нешто што трае вечно“.

Кејт призна дека била „отфрлена“ затоа што го пријавила инцидентот додека го снимала филмот „Перл Харбор“. На социјалните мрежи некои шпекулираа дека таа зборува за Бен Афлек, една од главните ѕвезди на филмот. Кејт брзо го демантираше ова, пишувајќи: „Бен Афлек ме заштити на екстремно токсичен сет и се однесуваше крајно правилно“.

Таа додаде дека нема да навлегува во детали за тоа кој е проблемот бидејќи, како што вели, „најголем проблем не биле актерите, туку последиците од пријавувањето на злоупотребата – казните што следат се полоши отколку што можете да замислите“.

Кејт заклучила дека системот ги казнува жените кои пријавуваат злоупотреба, а злоупотребата често останува неказнето, дури и кога тоа го гледаат од 30 до 100 сведоци. Таа нагласи дека тоа не треба да се случува во ниту една индустрија и дека колегите, особено мажите, мора да бидат дел од решението. Покрај видеото, таа напиша: „Секој во која било индустрија треба да биде сфатен сериозно кога ќе пријави злоупотреба, а не да се казнува. Ова не е само проблем на актерките – тоа е проблем за сите индустрии“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK