„Повремено експериментирам со едитирање“: Кејт Мидлтон се огласи откако ја објави монтираната фотографија

Kejt.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, за прв пат проговори откако во јавноста беше објавена фотографија од неа и нејзините деца, која беше повлечена од агенциите поради сомневање дека е монтирана.


„Како и многу фотографи аматери, повремено експериментирам со уредување. Сакав да се извинам за збунетоста предизвикана од семејната фотографија што ја споделивме вчера. Се надевам дека сите што слават имаа среќен Ден на мајката“, рече Кејт Мидлтон.

Ројтерс, Асошиетед прес (АП), Гети и Франс прес им рекоа на медиумите да ја „избришат“ фотографијата од нивните системи и архиви откако сликата беше објавена во неделата.

АП за „Скај Њуз“ изјави дека фотографијата покажува „неконзистентност во порамнувањето на левата рака на принцезата Шарлот“.

Други агенции навеле дека на фотографијата има многу „нелогичност“ поради што е разумно да се сомнева дека е монтирана.

ПА Медиа, најголемата британска новинска агенција преку која кралското семејство редовно ги објавува своите официјални информации, рече дека не ја повлекла фотографијата, но портпаролот рече дека агенцијата бара итно објаснување од Кенсингтонската палата поради загриженоста за можна „манипулација“.

Фотографијата направена од принцот Вилијам и објавена од палатата Кенсингтон вчера, додека Велика Британија го слави Денот на мајката, ја прикажува принцезата Кејт со нивните три деца и наводно е направена минатата недела во Виндзор.

Фотографијата беше објавена на социјалните мрежи на принцот и принцезата од Велс, заедно со пораката од Кејт во која се заблагодарува на јавноста за нивните добри желби и континуирана поддршка во изминатите два месеци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK