Даша Жукова, најпозната во јавноста по тоа што беше во брак со тајкунот Роман Абрамовиќ, доби дете со својот сопруг Ставрос Ниархос, пренесува Page Six. Мајката на Ставрос се пофали со среќната вест на својот Инстаграм профил.
Синот Александар е роден на 25 ноември и е нивното трето заедничко дете. Даша претходно има две деца, синот Арон Александар (15) и ќерката Леа Лу (12), кои ги доби во бракот со Роман Абрамовиќ.
View this post on Instagram
Потсетуваме дека во текот на летото Жукова беше снимена со сопругот во Грција каде го покажа трудничкиот стомак. Со нив се дружеше модната дизајнерка Стела Макартни.
Таа се омажи за богатиот грчки наследник Ставрос Ниархос на 17 јануари 2020 година на свадба вредна 6,5 милиони долари, која се одржа во хотел во Швајцарија. Присуствуваа 300 гости, меѓу кои познати музичари, спортисти, актери… Нивното прво заедничко дете Филип Ставрос Ниархос се роди во 2021. Минатата година ја добија ќерката Викторија.
View this post on Instagram
Таа во август 2017 година се разведе од поранешниот сопруг со кој беше во брак 10 години, а само неколку месеци подоцна започна врска со сегашниот сопруг со кој долго време беше во пријателска врска.