Популарен пејач почина на 28 години, го каснал пајак

Популарен-пејач-почина-на-28-години-го-каснал-пајак.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Дарлин Мораис почина на 28-годишна возраст кога пајак го касна на лицето.


Бразилскиот пејач бил каснат на 31 октомври во својот дом во градот Миранорте по што неговата здравствена состојба се комплицирала, па починал во понеделникот, пишува „Дејли мејл“.

Неговата поќерка исто така претрпе каснување од пајак и моментно е хоспитализирана во стабилна состојба, изјави сопругата на Мораис, Жулиен Лисбоа.

Сопругата на починатиот пејач рекла дека Дарлин се чувствувал уморен, а бојата на модринката на лицето почнала да му се менува како последица на каснувањето.

Подоцна во текот на неделата, тој развил алергиска реакција и ја посетил болницата во Миранорте, каде што бил лекуван и отпуштен во петокот.

„Почувствува слабост во телото и лицето почна да му се затемнува истиот ден“, рече Лисбоа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK