Полицијата упадна во вилата на Шварценегер поради дојава за бомба

svarceneger.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Актерот и поранешен гувернер на Калифорнија Арнолд Шварценегер доживеа драматична ситуација на Денот на благодарноста. Полицијата упадна во неговата куќа во населбата Брентвуд поради анонимна дојава за бомба.


Според ТМЗ, полицискиот оддел на Лос Анџелес примил дојава за експлозивна направа во поштенското сандаче на Шварценегер во 10:30 часот. Во претресот не беше пронајдена бомба.

Полицајците наводно разговарале со обезбедувањето на актерот. Тие рекоа дека би било речиси невозможно да се постави каков било вид на бомба во или околу куќата, бидејќи резиденцијата има 24-часовен надзор.

Шварценегер наводно не бил дома за време на акцијата, туку во теретана.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK