Починаа мајката и сестрата на Мараја Кери, се огласи пејачката: Заминаа во ист ден

Screenshot-2024-08-27-073029.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Починаа мајката и сестрата на пејачката Мараја Кери.



Пејачката потврди дека нејзината мајка Патриша (87) и сестрата Алисон (63) починале во текот на викендот, во ист ден.

„Срцето ми е скршено затоа што минатиот викенд ја изгубив мајка ми. За жал, во трагичен пресврт на настаните, мојата сестра го загуби животот истиот ден“, изјави Кери за магазинот Пипл.

„Ја ценам поддршката на сите, љубовта и почитувањето на приватноста во овој тежок период“, додаде таа.

Се уште не е позната причината за смртта на Патриша и Алисон.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK