По сообраќајната несреќа, синот на Бред Пит и Анџелина Џоли пуштен од интензивна нега

andjelina-dzoli-sin.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пакс Џоли-Пит, синот на Анџелина Џоли и Бред Пит, успешно се опорави од сообраќајна несреќа и е пуштен од интензивна нега.


Имено, откако минатата недела имаше сообраќајна несреќа во Лос Анџелес, каде се здоби со повреда на главата, Пакс итно бил префрлен во болница. Лекарите мислеле дека има крварење во мозокот, а познато е дека се жалел на болки во колкот.

Како што претходно објавија американските медиуми, Пакс возел електричен велосипед на булеварот Лос Фелиз и удрил во автомобил без да носи кацига. Но сега неговата состојба е стабилна и затоа е пуштен на домашна нега. Сепак, медиумите пишуваат дека има долг пат до опоравување со физикална терапија.

Познато е дека Анџелина Џоли цело време била покрај него додека престојувал во болница. Но, изворот тврди дека Бред Пит е уништен од тоа што не е во контакт со својот син и дека не може ништо да направи за него.

„Тој се чувствува целосно немоќен бидејќи не може да направи ништо. Како татко сака да оди во болница или да му се јави. Толку пати се обидел, но децата не му одговараат. Тој е во безизлезна ситуација“, изјави извор близок до Бред Пит.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK