По смртта на Метју Пери минатата година, фановите на „Пријатели“ повикаа целосно да се отстрани сцената од петтата епизода од седмата сезона на серијата.
Пери на милиони луѓе ширум светот им е познат токму по улогата на Чендлер во „Пријатели“, а фановите на серијата беа особено погодени од веста за неговата смрт.
Актерот минатата година беше пронајден мртов во топла када во неговиот дом во Лос Анџелес. Аутопсијата покажа дека тој починал од акутните ефекти на кетаминот, како и од давење.
Токму ова е причината поради која фановите бараат да се избрише сцена од популарните „Пријатели“. Станува збор за епизода емитувана во 2000 година, на која се гледа како Моника и Чендлер се обидуваат да се фотографираат по свршувачката. Чендлер едноставно не може добро да се фотографира, а Моника е се пофрустрирана.
Потоа вели: „Чендлер, што не е во ред со твоето лице? Оваа фотографија има за цел да каже дека Гелер и Бинг се венчаат, а не локална жена што спасува давеник“.
Кога камерманот ќе почне да се смее, Моника го фаќа и му вели: „Еј, немој да му се смееш, тој е мој давеник“.
На социјалните мрежи, некои обожаватели рекоа дека сега чувствуваат оти шегата е несоодветна, имајќи ја предвид причината за смртта на Метју Пери.
„Мора да ја отстранат оваа сцена од серијата. Прилично ја предвидуваа иднината“, „Не, сега треба да ја отстранат оваа сцена“, „Може ли оваа сцена да биде поморничава“, напишаа на мрежите.