Пирс Морган беше принуден да негира дека ја играл жената со гулабите во „Сам дома 2“

pirs-sam-doma.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Британскиот водител Пирс Морган беше принуден да се огласи на социјалните мрежи за да одговори на гласините дека тој е актерот кој глуми бездомничка опкружена со гулаби во „Сам дома 2: Изгубени во Њујорк“.


Во тој филм, Кевин Мекалистер се спријателува со жена со гулаби додека е во Њујорк. Најпрвин се плашеше, но таа на крајот му помогна кога Хари и Марв го бркаа низ Централ Парк. После сите овие години, љубителите на филмот заклучија дека оваа жена неверојатно личи на Пирс Морган.

„Го гледав ‘Сам дома 2’ и заборавив дека во него е Пирс Морган“, „Не знам многу од неговите улоги, но оваа му е најдобра“, коментираа корисници на „Икс“.

Толку многу се зборуваше за неговата улога во „Сам дома 2“ што Пирс мораше да објави статус.

„Тоа не сум јас!“, напиша водителот.

Морган не лажеше. Жената со гулабите во филмот е Бренда Фрикер (79), која според „Ајриш Тајмс“ важи за една од најдобрите ирски актерки на сите времиња.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK