Педро Паскал присуствуваше на премиерата на втората сезона на „Последниот од нас“ во Лос Анџелес, а најголемо внимание привлече неговиот моден избор за црвениот тепих.
Познатиот актер се појави во чизми над колената, кои ги искомбинира со карирана сино-зелена јакна и кожени панталони.
Чизмите ги дизајнираше Ентони Вакарело, кој работи за луксузниот бренд „Сент Лорент“, а беа претставени на модна ревија одржана во Париз во јануари. На социјалните мрежи имаше бројни реакции за неговата облека, а многу дами го пофалија изгледот на Паскал.
„Сакам мажи кои не се плашат да ризикуваат“, „Храбар моден избор кој совршено му одговара“, „Тој е уникатен“, „Секоја чест што е храбар“, се дел од коментарите на „Икс“. Имаше и такви кои не беа воодушевени од неговиот избор, иако и покрај нивните мислења ја пофалија неговата „храброст да ги носи“.
Што мислите за неговата модна комбинација?