Париз има свое „Забавно училиште“ каде што децата се вљубуваат во книгата преку игра

knigi
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 И Париз има своја „куќа на приказни“, по примерот на Шведска и Норвешка, каде што децата се вљубуваат во книгите преку игра, којашто има за цел да ги поттикне да читаат повеќе. Игротеката „Забавно училиште“ е отворена во јуни во Латинскиот Кварт во француската престолнина, и е посветена на литературата за деца. Во мигов таа е единствена од својот вид во Франција.

На простор од 130 квадратни метри, деца до седум години може да го истражуваат светот на имагинацијата, да прелистуваат сликовници и да слушаат приказни раскажани од посебни глумици – „тетки кои раскажуваат“, како што се нарекуваат. Меѓу омилените приказни, се чини, се „Корнебидуј“ – приказна за ужасна вештерка која прави супа со црви и пајаци, натаму – „Макс и Максичудовиштата“ итн.


Секој месец на младите читатели им се нудат по 10 нови наслови.

– Запознавањето со книгата преку игра е основата на нашиот проект… Овде детето игра како да е лик во приказната и просторот е уреден така што ќе го потсети на приказната што ја слуша. Некои мислат дека името на нашата куќа е „оксиморон“, но јас мислам дека тие поими (забава и училиште) се синоними. Можеби изгледаат како спротивни концепти, но всушност, тоа е истото нешто, вели Гијом Фабре, сосопственик на издавачката куќа.

Ова „Забавно училиште“ има фонд од 6.000 книги и ќе објавува 400 нови наслови годишно.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK