Огромниот дијамантски ѓердан на Марија Антоанета продаден за 4,5 милиони евра, поврзан е со скандалот поради кој заврши на гилотина

Screenshot-2024-11-08-074124-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ѓердан обложен со дијаманти за кој се верува дека е поврзан со скандалот што го забрза падот на последната француска кралица Марија Антоанета во 18 век и доведе до нејзиниот трагичен крај, вчера беше продадена на аукција во Женева за 4,26 милиони швајцарски франци (околу 4,55 милиони евра).


Ѓерданот, во кој се вградени 300 каратни дијаманти, пред аукцијата се проценуваше на околу 2,13 милиони евра, објави претходно аукциската куќа Сотби, пренесува Ројтерс.

Парчето накит беше во центарот на скандалот во 1780-тите, познат како „Афера на дијамантскиот ѓердан“, во кој благородничката Жана де ла Моте, преправајќи се дека е француската кралица Марија Антоанета, зела ѓердан од златара во име на кралицата без да плати за тоа.

Судењето ја прогласи кралицата за невина, но скандалот ги подгреа гласините за екстравагантноста на Марија Антоанета што, меѓу другото, ги поттикна француските револуционерни власти да ја осудат на гилотина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK