Тим обучени кучиња помага да се спаси давеник на плажа во близина на Малага во јужна Шпанија, изјави дресерот на кучиња Мигел Санчез.
Санчез рече дека кучињата спасувачи се главно Лабрадори и Њуфаундленд и патролираат на плажата Леванте во близина на Малага со нивните тренери, објави Ројтерс.
„Тие можат да детектираат струи во морето што луѓето не можат“, рече Санчез, истакнувајќи дека издржливоста и силата на кучињата ја надминуваат онаа на повеќето луѓе.
Кучињата од Њуфаундленд се способни да пливаат околу 5,6 километри и да влечат сплавови за спасување или да пренесат шест лица, додека лабрадорите се корисни за лоцирање на исчезнати луѓе.