Обожавателите на Кејт Мидлтон се згрозени од коментарот на водителката за принцезата: „Зошто е остарена толку многу, ако не…“

Screenshot-2024-11-12-095633.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Телевизиската презентерка Нариндер Каур се соочи со бурни реакции откако изјави дека Кејт Мидлтон „остарела толку многу“ откако се вратила на кралските должности по лекувањето од рак. Таа коментираше на Икс откако објави напис за принцезата од Велс во која беа прикажани нејзини фотографии за време на комеморацијата во Кенотаф.


– Искрено прашање – зошто Кејт остаре толку многу? Нели таа има само 42 години? Дали е пушач? Тоа е единственото објаснување – напишала 51-годишната жена, која најчесто се појавува како коментатор во емисии како „Добро утро Британија“.

Нејзиниот твит предизвика бура од бес, главно беше окарактеризирана како „ужасна“ и „одвратна“.

Таа првично се обиде да се „одбрани“, одговарајќи на твитовите во кои тврдеше дека Кејт штотуку поминала низ лекување од рак, велејќи: „И брат ми имаше рак… и тој не остаре толку добро“, но набрзо сподели лично видео во кое таа призна дека „твитот бил глупав“, но дека не очекувала толку „сексуално, расистичко и насилно злоставување“ од „интернет троловите“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK