Објавена листа на најпребарувани прашања за секс на Гугл во 2024 година: дали го знаете одговорот на првото

Screenshot-2024-12-26-072005.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Модерните термини поврзани со сексот понекогаш знаат да бидат збунувачки. Затоа многумина од нас се обраќаат до Google за одговори. Неколку прашања ја одбележаа 2024 година.


Имено, Google изјави дека прашањето „Што е автосексуалност? беше најбарано. Терминот автосексуалност првпат влезе во медиумите кога Кортни Кардашијан го спомна на својот блог во 2020 година, според „Космополитен“.

„Дали сте автосексуални? Накратко – да, најверојатно. Всушност, сите сме, барем малку“, напишала таа. Во суштина, автосексуалните луѓе се привлечени од сопственото тело.

Иако автосексуалците првенствено се привлечени од самите себе, сепак можат да бидат привлечени и од други луѓе. Healthline наведува дека иако ова е релативно непознат термин, многу луѓе всушност се идентификуваат како автосексуалци.

Меѓу најпребаруваните се и прашањата „Што е оргазам?“, „Колку долго после царски рез можете да имате секс?“ и „Колку често брачните парови имаат секс?“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK