Никол Кидман откри зошто во последно време се појавува во толку многу серии и филмови. Изјавила дека размислувала да се одмори од работата, но бројот на можности кои и се укажале ја натерале да ги прифати сите бидејќи, како што вели, овие проекти создаваат и обезбедуваат работа за многу луѓе.
Таа исто така нагласи дека е многу важно да се поддржат новите таленти во филмската индустрија.
„Има толку многу можности каде што можам да им помогнам на луѓето што доаѓаат, можам да го искористам она што го имам и што можам да направам за луѓе како писателката и режисерка на Babygirl Хелена Рејн“, изјави Никол за Variety.
„Тешко ми е да кажам: Во ред, само ќе се грижам за себе, бидејќи сум многу фокусирана да се грижам за другите луѓе“, додаде таа.
„На овој начин можам да создадам повеќе работа за сите луѓе кои го сакаат тоа, освен тоа, јас сум страсна за работата. Би сакала да имам супермоќи затоа што сакам да бидам насекаде“, се пошегува таа, додавајќи: „Ова е она за што сонував уште од мала. Го сакам тоа што го работам, па ќе дадам се од себе за да го направам добро“.