Не ви се потребни скапи производи за здрав, исончан тен: Направете го ова природно масло


plazadepositphotos_157791194_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Летото се приближува со високи температури, кога сите ќе сакаме да имаме совршен тен, но на најприроден можен начин. Ова масло може да ви помогне во тоа.


Ова е многу едноставен рецепт за масло за сончање што можете сами да го направите. Ова природно масло е всушност мацерат за сончање бидејќи се создава со додавање растенија во маслиновото масло.

За да го подготвите, ќе ви требаат:
– 3 дл маслиново масло

– 2 моркови

– 6,7 млади ореви

Земете стаклена тегла и изрендајте два моркови во неа, исечкајте ги оревите и прелијте ја со маслиново масло. Затворете ја цврсто и оставете ја на сонце најмалку 40 дена. Повремено протресете ја содржината. По четириесет дена, процедете ја добиената смеса и истурете го маслото во шише.

Ова природно масло не штити од штетните сончеви зраци, односно неговиот заштитен фактор е само два. Пред да го нанесете маслото, заштитете се со крем со заштитен фактор, а по половина час нанесете го на вашата кожа. По два дена, ќе забележите дека вашата кожа е значително поцрнета.

Благодарение на состојките од маслото, вашата кожа ќе биде мека и негувана.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK