„Не сакаше да се откаже“: Џенифер Лопез разочарана по разводот од Бен Афлек

dzenifer-lopez.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Џенифер Лопез изгледа подготвена да продолжи со својот живот откако поднесе барање за развод од Бен Афлек.


„Таа прави најдобро што може“, вели извор близок до пејачката за Пипл.

„И беше исклучително тешко што Бен реши да се повлече од бракот и да продолжи со својот живот, оставајќи ја зад себе. Не сакаше развод. Сакаше да ги реши работите. Тие се сакаат. Џенифер не е тип на личност што едноставно се предава. За неа чекањето беше речиси тортура“, тврди изворот.

View this post on Instagram

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

„Откако поднесе барање за развод, изгледа олеснето. Нејзиното семејство и пријателите се согласуваат дека тоа беше вистинската одлука. Опкружена е со многу љубов и поддршка. Ќе биде добро. Таа е силна и секогаш излегува како победник“, додава изворот.

Лопез поднесе барање за развод од две години во Лос Анџелес во вторник, на 20 август, што се совпаѓа со годишнината од бракот со Афлек. Разводот доаѓа по неколкумесечни шпекулации за брачни проблеми.

Заедно со документите за развод, Џенифер поднела и барање за промена на презимето. Иако сите со децении ја познаваат само како Џенифер Лопез, таа со години не се вика така. Имено, пејачката го зела презимето на Бен, па нејзиното легално име било Џенифер Лин Афлек во последните две години.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK