„Не им паѓа на памет“: Бред Пит и Анџелина Џоли ја одбиле понудата за заеднички филм

bred-andzelina.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Бред Пит и Анџелина Џоли неодамна добија понуда од вкупно 60 милиони долари за да снимат нов заеднички филм. Но, судејќи по новите гласини и двајцата ја одбиле понудата.


Според Дејли Мејл, извор близок до Пит открил дека актерот не размислува за тоа. „Сите пари на светот не би го натерале Бред повторно да се појави во филм со Анџелина“, рекол изворот.

„Тоа дефинитивно би предизвикало јавен интерес, но тој не би го ни земал предвид. Тие се непријатели во моментов и нема шанси Бред да се понизи и да прифати каква било сума за да разговара со Енџи пред камера“, додал изворот.

Друг извор тврди дека ниту Анџелина не е заинтересирана, но и дека продуцентот Дени Роснер никогаш не дал вистинска понуда. Исто така, се тврди дека сè е дизајнирано како „вешт маркетиншки трик“ и дека никој од нив не би ни помислил на тоа.

Роснер неодамна изјави дека Бред ќе заработи околу 37 милиони долари, додека Анџелина околу 22 милиони долари. Тој откри и некои детали за заплетот на филмот.

Станува збор за вистинска љубовна приказна од Втората светска војна сместена во хотелот Мартинез во Кан, Франција. Бред би го играл Емануел Мартинез, сопственик на хотелот, а Анџелина неговата љубовница и муза Ема Дигард.

Бред и Анџелина првпат се појавија заедно на екранот во 2005 година, кога го снимија филмот Господин и госпоѓа Смит. Таму глумеа сопружници кои се непријатно изненадени кога сфаќаат дека и двајцата се платени да се убијат. Тие се заљубиле за време на снимањето на тој филм.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK