Најголемите ѕвезди од балканската рок и поп сцена гости на концертот на Жељко Самарџиќ кој е пред распродавање

IMG_1037.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Само неколку дена не делат до големиот концерт на Жељко Самарџиќ, каде што на сцената во „Арена Борис Трајковски“ оваа сабота (13 април) ќе одржи концерт заедно со пријателите.


Со своето долгогодишно творештво, Жељко Самарџиќ се запиша на самиот врв на најценетите музички уметници. Интересот да се слушне во Скопје е огромен, па воопшто не е зачудувачки што концертот е скоро пред распродавање. Овој музички настан ветува ноќ исполнета со неповторливи музички чуда, а Самарџиќ ќе биде придружуван од гудачки оркестар.

Кога тој ќе настапи на сцена и ќе отпее некоја љубовна песна од неговата колекција безвременски хитови, едноставно никој не може да остане имун. Концертот на 13 април, нема да биде како ниту еден друг досега, а публиката може да очекува вистински спектакл со времетраење од 2 часа или пак нешто повеќе, Жељко Самарџиќ и пријателите + многу специјални гости.

Присутните ќе имаат ретка можност на иста сцена да ги слушнат и видат најдобрите музички ѕвезди од рок и поп музиката, дел од нив со убедливо најуспешни интернационални кариери, соработници, но и големи пријатели на Самарџиќ.

Концерт кој нема да има реприза и можност која не смеете да ја пропуштите. Затоа, на календарот заокружете го датумот 13 април и подгответе се за музичко уживање.

Преостанатите влезници се достапни за купување онлајн на www.kupikarta.com

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK