Сè уште не сте свесни за разликите помеѓу милениумците (родени во 80-те години до 1995) и генерацијата З (родени 1996 до раните 2012), но еве уште една.
„ЛАД библе“ пишува дека начинот на кој некој испраќа пораки е голем показател на која генерација припаѓа. И не, не станува збор за емотиконите што милениумците ги обожаваат, а З речиси и не ги користи.
Некои „тиктокери“ на социјалната мрежа разговараа на оваа тема.
Ако пишувате сè само со мали букви, тогаш голема е веројатноста дека припаѓате на генерацијата З.
„Полесно ми е да читам пораки ако сè е напишани со мали букви“, напиша еден член на генерацијата З на „Тик ток“
„Изгледа многу погрешно реченицата да се почне со голема буква, а да не завршува со точка. Затоа пишувам сè со мали букви“, додаде друг.
Некои милениумци, пак, мислат дека се чувствуваат како да не присуствувале на час кога пишуваат сè со мали букви и дека ништо не научиле. Затоа, велат, пологично е во пораките да користат големи букви.
Ноел Волф, експерт за јазик и култура, за Метро изјави дека пишувањето со мали букви често е „побрзо и полесно“ и „во согласност со онлајн комуникацијата“.
„Текстот напишан со мали букви кај помладата генерација е комбинација од културни промени, леснотија на користење и желба да се создаде порелаксирана онлајн комуникација“, додаде таа.