На Светската конференција за ВИ во Шангај склучени договори вредни повеќе милијарди евра

shangaj
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

За време на Светската конференција за вештачка интелигенција (ВИ) за 2023 година, што се одржа во Шангај, Кина, беа потпишани договори за купување и инвестиции во вредност од повеќе милијарди евра, објавија кинеските медиуми.

Ву Џинченг, директор на Општинската комисија за економија и информатичка технологија на Шангај, рече дека на Конференцијата одржана oд 6. дo 8 јули, се потпишани договори за купување вредни вкупно 11 милијарди јуани (1,39 милијарди евра) и 32 големи инвестициски проекти коишто чинат 28,8 милијарди јуани (3,64 милијарди евра), јави Синхуа.


Ванг Жиџија, директор на Одделот за вештачка интелигенција на шангајската Општинска комисија, рече дека Градот целосно ќе ги искористи сеопфатните предности на светските ресурси за иновации, за да привлече висококвалитетни тимови – домашни и од странство.

Рекорден број од над 400 компании учествуваа на овогодишниот собир со вкупна изложбена површина од 50.000 квадратни метри. На Конференцијата имаше над 30 нови производи.

Домаќини на собирот беа Градот Шангај и седум државни владини агенции, вклучително и Националната комисија за развој и реформи и Министерство за индустрија и информатичка технологија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK