На сопругот на Серена Вилијамс му е дијагностицирана Лајмска болест

73a57f00-04e2-4bf4-878d-1096894bbbac.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На сопругот на тенисерката Серена Вилијамс и коосновачот на Редит Алексис Оханијан (41) му и е дијагностицирана Лајмска болест, пишува Дејли Мејл. „Неверојатно. Нема симптоми, за среќа, но планирам третман“, откри Алексис.


Оханијан рече дека иако има семејна историја на болеста, тој бил изненаден од дијагнозата. “Еден близок беше болен пред неколку години, се појавија еден куп симптоми, но тие не знаеја што е тоа додека не го тестираа за ова и не открија што е тоа. Успешно го лекуваа”, објасни тој.

Инаку, Лајмската болест е предизвикана од Борелија, бактерија која ја носи крлежот, па луѓето обично се инфицираат од неговиот каснување.

Болеста може да се лекува, а ако е порана фаза може да дојде до целосно закрепнување за 10 до 14 дена со антибиотици. Покрај Оханијан, со Лајмска болест се бореле и поранешната манекенка Јоланда Хадид, манекенката Бела Хадид, пејачот Џастин Бибер, актерот Бен Стилер, комичарката Ејми Шумер и други.

Серена и Алексис се запознале во 2015 година во хотел во Рим. Набрзо се заљубиле и почнале да излегуваат. По една година врска, тие се свршија и се венчаа во 2017. Двојката има две деца.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK