Науката досега веруваше дека праисториските влекачи приспособени на живот во морето наречени мозасауруси живееле пред 82 и 66 милиони години, за време на последниот период од мезозојската ера. Но, новите сознанија говорат за фосили од мозасауруси коишто всушност се стари 94 милиони години.
Истражувањето е спроведено од Бирото за управување со земјиштата и предводено од д-р Бери Олбрајт од Универзитетот во Северна Флорида (УНФ). Научниците од САД, имено, дошле до еволутивни податоци по набљудувањето на остатоци од мозасаурус наречен „Сарабосаурус дали“. Според наодите идентификувани се значајни делови од черепот и аксијалниот посткранијален скелет што одговараат на праисторискиот примерок. Остатоците од праисториското суштество се откопани во национален парк во јужна Јута.
Идејата била поттикната кога истражувачот Скот Ричардсон кој верувал дека има мозасауруси на подрачјето на Северна Америка, и тоа од периодот на доцниот креда-период меѓу 84 и 95 милиони години во минатото.
Пред речиси 94 милиони години, мозасаурусите сè уште биле мали, примитивни копнени суштества и во рана еволутивна фаза на целосна адаптација на морето. Поради тоа, нивните фосили се исклучително ретки и тешко се наоѓаат. Тимот палеонтолози, сепак, овојпат откриле приближно 50 насто од примерокот.
Со текот на времето, мозасаурусите еволуирале во огромни морски грабливци налик гуштери и доминирале во океаните како ловци во вториот дел од ерата на диносаурусите. Слично на нивните предци што живееле на копно, морското животно развило рационализирано тело, со перки и опашки како „весла“ што им овозможило да преживеат во водата. Главната разлика меѓу раните видови мозасаурус и сарабосаурус е во тоа што првиов имал различна циркулација на крвта во мозокот, додека постарото животно било повеќе налик гуштер и се одликувало со релативно примитивна опашка и екстремитети.