„Моите деца не сакаат да ги гледаат моите филмови, мило ми е поради тоа“


natali-portman-Depositphotos_687785930_XL.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Натали Портман ужива во својата улога на мајка и секогаш сака да нагласува дека нејзините деца се нејзин приоритет, особено по разводот од Бенџамин Милпие.


Познатата актерка Натали Портман (44) тајно се разведе по 13 години брак и во тоа време не криеше колку тежок бил тој период за неа, но нејзините деца ѝ помогнаа да ја надмине кризата.

Таа има две деца со кореографот Бенџамин Милпие, син и ќерка, а во искрено интервју за E! News откри некои детали од нејзината врска со нив.

„Моите деца не сакаат да ги гледаат филмовите во кои глумам. Секогаш им велам дека можат слободно да ги гледаат ако се заинтересирани или ако нивните пријатели веќе им го спомнале тоа, но тие ми одговараат ‘не, благодарам’. Тие сакаат да ме видат само како мајка и ми е мило за тоа“, рече актерката.

Нејзиниот син има 14 години, а ќерката 8, па Натали не крие дека ѝ треба многу време за да ги избалансира сите свои обврски и да одгледува тинејџер и девојче.

Натали Портман се смета за една од најпознатите актерки во Холивуд, и отсекогаш привлекувала внимание со својата маестрална глума и внимателно одбрани модни изданија. Кога се дозна дека се разведува, Натали не криеше колку тешко ѝ било.

Наводно, не можела да му прости на својот поранешен сопруг за неговата прељуба со француската активистка Камил Етјен, која има 25 години.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK