Мемоарите на Бритни Спирс се продадени во 1,1 милион примероци во првата недела

Мемоарите-на-Бритни-Спирс-се-продадени-во-11-милион-примероци.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Мемоарите на американската пејачка Бритни Спирс, „Жената во мене“ (The Woman in Me), се продадени во 1,1 милион примероци само во САД во првата недела по објавувањето.


„Во мемоарите ги влеав срцето и душата и благодарна сум им на многубројните фанови и на читатели од целиот свет за нивната непоколеблива поддршка“, рече, меѓу другото, Спирс, во изјавата за книжарницата „Галери букс“.

Податоците за продадените копии вклучуваат однапред нарачани книги, печатени примероци, аудиокниги и е-книги, според АП.

Нејзините мемоари беа поздравени од критичарите како привлечна приказна за нејзиниот пораст до глобална слава и неволјите што ја стигнаа, особено како резултат на старателството, кое со години му даваше на татко ѝ контрола над поголемиот дел од нејзиниот живот.

И покрај тоа, The Woman in Me не беше најпродаваната книга во првата недела од објавувањето во САД бидејќи мемоарите на британскиот принц Хари, Spare, беа продадени во 1,6 милион примероци во првата недела.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK