Меган Маркл сподели ретка фотографија со нејзината ќерка Лилибет, откривајќи уште еден интимен момент од нејзиниот семеен живот со сопругот Хари во Калифорнија.
На фотографијата објавена на Инстаграм, Меган позира пред огледало во гардероба облечена во розова облека, додека четиригодишната Лилибет седи на подот пред неа, очигледно учествувајќи во изборот на гардероба.
View this post on Instagram
„Малата помошничка на мама“, напиша Меган со емотикон во форма на виолетово срце.
Објавата брзо привлече големо внимание од јавноста, особено затоа што војвотката ретко споделува фотографии од своите деца на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Фотографијата доаѓа само неколку дена по семејното патување во Дизниленд, каде што Меган и Хари ги прославија родендените на своите деца.
фото/Depositphotos