Нетфликс објави дека е одложено излегувањето на кулинарското шоу „Со љубов, Меган“, кое го продуцира и води Меган Маркл, поради пожарите во Лос Анџелес.
На барање на војвотката од Сасекс, датумот на премиера е поместен од 15 јануари на 4 април. Меган, исто така, зборуваше за сè во изјавата за Тудум: „Благодарна сум на моите партнери во Нетфликс, кои ме поддржуваат да го одложам емитувањето додека се фокусираме на потребите на погодените од пожарите во Калифорнија“.
View this post on Instagram
Меган и принцот Хари претходно беа снимени како ги тешат жртвите од пожарот во Лос Анџелес. Двојката им делеше храна на жртвите во конгресниот центар во Пасадена. Биле видени како се гушкаат Хозе Андрес, основачот на World Central Kitchen, организација која им дели оброци на жртвите.